Пејачот Шон Мендес неодамна бил снимен во друштво на реалити ѕвездата Чарли Траверс, со што отпочна гласини за нова љубовна врска.
Парот бил фотографиран во средата на песочна плажа во Малибу, Калифорнија, каде и двајцата решиле да се соблечат само по долна облека. Шон и Чарли поминале некое време разговарајќи на плажата, а подоцна се облекле во нешто потопла облека.
Само еден ден претходно, двајцата биле видени во ресторан во Холивуд, каде очевидци тврделе дека Траверс (37) го прегрнувала Мендес (25), и изгледале како да имаат близок однос.
Инаку, Чарли Траверс е поранешна натпреварувачка на британското издание на реалното шоу „Големиот брат“.
Медиумите веднаш ги контактирале претставниците на Мендес, но тие не одговориле на шпекулациите дали парот е во врска. Во април, пејачот беше фотографиран во страстен бакнеж со поранешната девојка Камила Кабело, со која раскина во ноември 2021 година.
Во меѓувреме, тој поттикна гласини за врска со неговата киропрактичарка Џоселин Миранда, која е 27 години постара од него. Шон и Миранда беа видени неколку пати во јавноста на почетокот на оваа година, но никогаш не ја потврдија нивната врска.