Еден од уредниците на „Дејли Мејл“, Пирс Морган во својата колумна откри дека еден негов близок пријател –починатиот пејач Џорџ Мајкл– во текот на една приватна вечера во Лондон имал необичен „испад на искреност“.
Пејачот кој почина на крајот на 2016 година, откри тогаш пред сите присутни дека во текот на седум години имал дури 500 љубовници.
Џорџ Мајкл наводно цела ноќ говорел за своите љубовни авантури и го засмевал друштвото со анегдоти. Меѓу останатите, Морган се уште ја памети приказната на Мајкл за францускиот жиголо кој го уценувал пејачот. Пејачот не им открил на присутните како таа приказна се завршила но низ насмевка кажал: „Заборавив да му платам!“
Меѓутоа, иако беше деклариран хомосексуалец, Џорџ Мајкл истакнал дека, доколку би спиел со жена, тоа би била холивудската дива Елизабет Тејлор. Мајкл и беше близок пријател на легендарната Лиз, а во 1992 година настапи на добротворниот концерт на нејзината фондација за борбата против сидата.