Проститутка од Квинс е осудена на 30 години затвор затоа што дрогирала четворица мажи со фентанил во 2019 година за да ги ограби. Сите потоа ги убила, а меѓу жртвите бил и готвач од Кипријани.
Анџелина Барини (43) плачеше на суд кога призна дека им дала фентанил и „дрога за силување“ на тројца неименувани мажи и на италијанскиот готвач Андреа Замперони (33). Таа го направила тоа за да може да ги ограби, но на крајот ги убила.
Обвинителот Бреон Пис е задоволен од 30-годишната казна изречена на Барини и рече дека се надева дека ова ќе послужи како предупредување за секој што се обидува да користи дрога за да изврши „ужасни злосторства“.
„Обвинетата дрогирала и убила неколку луѓе за малку брзи пари“, се вели во соопштението на Пис. „Таа им ги украла личните работи додека лежела во несвест и умирале од смртоносната дрога што им ја дала. Затворската казна изречена на обвинетата е оправдана.“
Обвинителите рекоа дека Барини, додека сè уште работела како проститутка, имала навика да им дава дрога на своите клиенти за да ги „онеспособи и ограби“, според судските документи. Во записникот стои дека на 4 јули 2019 година се сретнала со една од жртвите во мотел во Асторија и му дала фентанил. Подоцна истиот ден, нејзиниот клиент бил пронајден мртов.
Инспекторите рекле дека слични настани се случиле на 11 јули во Вудсајд, како и на 5 август кога била пронајдена 60-годишна жртва во Колеџ Поинт. И двајцата починале од предозирање со истата дрога.
Потоа, на 18 август 2019 година, обвинителите изјавија дека Барини се сретнала со Замперони во мотелот Kemway Lodge во Елмхерст, каде што го дрогирала со „дрога за силување“, убивајќи го на лице место.
Барини постојано се обидуваше да го скрие телото на Замперони во мотелот, кој бил пронајден три дена подоцна во близина на корпа за отпадоци завиткан во чаршафи.
Таа наводно ги организирала злосторствата со нејзиното поранешно момче Лесли Лескан (44), кој исто така бил уапсен и обвинет.
Обвинителите тврдат дека Барини му ја дала картичката American Express на Замперони на нејзиното поранешно момче и побарала од него да оди во аптека за да купи картички за подароци и други материјали. Наводно му рекла да ѝ купи сирење, крем и цигари, а сето тоа на сметка на жртвата.
Нејзината постара сестра Сали изјавила за New York Post дека судската казна е „малку сурова“ и дека планира да поднесе жалба. „Да, се разбира дека тоа што се случи беше погрешно, но мислам дека не беше земено предвид дека жртвите се вклучија и самите. Тие не беа светци“, рече сестрата.
“Тие одеа со неа. Сакаа да се забавуваат и сакаа да конзумираат дрога и да имаат секс со неа. Таа не ставаше некому пиштол на глава и не го присилуваше да одат со неа”, додала сестрата, пренесува Дејли мејл.