Летот од Лондон до Солун кој обично трае три часа за 200 патници на авиокомпанијата “Рајанар“ се продолжил на 24 часа.
Поради магла на аеродромот во Солун летот бил пренасочен кон Темишвар, Романија. Патниците нервозно што авионот не слетал до некои од аеродромите во близината на Солун, побеснеле кога компанијата им понуди автобуси, по студеното време, да ги превезе до 770 километри одалечениот Солун.
Како што пренесува АП, 89 патника ја одбиле понудата од компанијата и контактирале со грчката влада и медиуми во Темишвар да испратат авион на грчка авиокомпанија.
Групата од 89 патника која тргна во петокот стигна дури синоќа околу 17 часот во Солун.