Битолчани поставија транспарент во центарот на градот, на популарното шеталиште Широк сокак, на кое пишува “Широк сокак умира”.
Платното со натписот е поставено во срцето на Широк сокак, спроти Домот на културата.
“Шетајќи низ Широк сокак, на прв поглед можеби не изгледа дека пропаѓа. Кафулињата се полни, рестораните речиси полни. Но, така е само за викенди. На нас ни пречи што многу дуќани се затвараат, и со секој затворен локал како да се прави дупка на Широк сокак. Затоа некои сограѓани се сетиле да ја напишат вистината”, велат битолчани. Криво им е, раскажуваат тие, што ова место некогаш вриеше од народ кој пазареше и доаѓаше на прошетки и во работните денови. Сега, сликата е поинаква.