Шилегов ќе ги награди со 100 евра тие што ќе седат дома

by Тони Зографски

Град Скопје ќе ги наградува граѓаните кои ги почитуваат препораките за седење дома како мерка против ширење на корона вирусот.

На твитер профилот на Градот има објавено дека избираат најдобра фотографија на тема „Скопје дома“.

-Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците со хаштаг #СкопјеДома, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра – стои во објавата.

останати вести