Санди Рутер (42) која преживеела рак на градата, во понеделникот, во Вашингтон почина од коронавирус. Таа на 3-ти март била примена, а со нејзиниот син Елајџ Рутер (20) поминале заедно осум часа во изолирана соба.
-Не сакаа ниту да ја допраат мајка ми – рекол Елајџ за “Дејли Меил“.
Истиот ден ја отпуштиле со дијагноз дека има грип.
-Не ни помислувавме дека има коронавирус, бидејќи немаше каде да се зарази. Во тој период немаше многу заболени – се присетува нејзиниот син.
Четири дена подоцна Санди и нејзиниот син се вратија во болница.
-По неколку часа откако ја прегледаа рекоа дека има воспаление на белите дробови и дека мора да остане во болница. Следниот ден тестот покажа дека е позитивна на коронавирус.
Иако следниве денови им праќала пораки на своите деце, на 16 март го повикала нејзиното семејство веднаш да дојде.
Нејзините шест деца преку мал стаклен прозор ја гледале својата мајка како лежи во кревет. Се простиле со неа преку токи-воки.
-Ѝ реков дека ја сакам и дека ќе се грижам за моите браќа и сестри, – раскажа нејзиниот најстар син.