Додека земјите ширум светот се соочуваат со многу нагло зголемување на бројот на заразени со новиот коронавирус, многу медицински експерти веќе со месеци ги проучуваат пациентите кои оздравеа од болеста COVID-19 за да откријат како таа го напаѓа човечкото тело.

Пулмолошкиот институт при Медицинскиот центар „Шаре Зедек“ во Ерусалим во неделата ги објави извештаите од истражувањето со пациенти кои боледувале од COVID-19 и имале од умерено до сериозно боледување.

Истражувањето покажа нешто ново што сите треба да го знаеме: околу 50 отсто од пациентите кои боледувале од COVID-19 почувствувале општа слабост на телото по борбата со вирусот, без разлика дали имале полесна или потешка клиничка слика.

„Најмалку половина од пациентите со корона вирус сè уште страдаат од општа слабост и отежнато дишење со недели и, можеби, месеци по закрепнувањето, според првичните резултати од израелската студија“, пренесува И24. Пулмоналниот институт при Медицинскиот центар „Шаре Зедек“ во Ерусалим ги објави своите откритија во неделата, кои се однесуваат на десетици пациенти кои страдаат од вирусот Ковид-19, од блага до умерена и сериозна состојба. Околу 50% од нив имале ист симптом – општа слабост по закрепнувањето, што не е поврзано со сериозноста на болеста. Покрај тоа, истражувањето открило дека пациентите со поблага клиничка слика може да имаат долгорочно оштетување на белите дробови, додека оние кои се во сериозна состојба не мора да пријавуваат слични тешкотии. „Меѓу симптомите што ги испитавме, откривме општа слабост кај повеќето субјекти, кашлица или останување без здив, фиброза / белодробна емболија, опструкција и сомнителна пулмонална хипертензија“, рече професорот Габриел Избеки, директор на пулмоналниот институт, кој ја започна студијата.