Легендарната пејачка и актерка Шер има нова љубов, 40 години помлад дечко од неа. Имено, таа се појави држејќи се за рака со музичкиот продуцент и поранешното момче на Амбер Роуз, Александар Едвардс во средата додека била на вечера во Западен Холивуд, Калифорнија.
Иако не е толку светски познат, Едвардс е сива еминенција на познатата издавачка куќа „Деф Џем рекордс“ каде работи како уметнички директор. Малку се знаеше за него додека не почна да излегува со популарната манекенка и старлета Амбер Роуз, а нивната љубовна врска беше турбулентна од самиот почеток.
Едвардс освен што е мултимедијална личност со силно влијание на социјалните мрежи, на јавноста ѝ е познат и по бурниот љубовен живот. Пред три години тој и Амбер добија син, а недолго потоа манекенката јавно го обвини дека ја изневерувал со 12 различни жени за време на хаотичната врска, што подоцна и самиот го призна.
Од друга страна, славната Шер е двапати разведена и има син Чаз Боно (53) со нејзиниот покоен поранешен сопруг Сони Боно кој почина во 1998 година.
Таа подоцна беше во брак од 1975 до 1978 година со пејачот Грег Алман, кој почина во 2017 година на 69-годишна возраст. Шер и Грег го добија заедно синот Ели Блу Алман (46).