Во Лос Анџелес се одржа хуманитарен настан CORE гала, а меѓу присутните ѕвезди беше и актерката Шерон Стоун. Таа со насмевка позираше пред фотографите покрај нејзиниот колега Шон Пен, кој стои зад непрофитната хуманитарна организација CORE.
И додека Пен беше во класичното издание што го гледаме на слични церемонии, во темносино одело, со вратоврска и во чевли, Шерон се појави во облека каква што речиси и да не може да се види на црвениот тепих.
Наместо гламурозен фустан и потпетици, таа облече розев сатенски костум и бела блуза, но носеше и патики.
Без вртоглавите потпетици кои се непишано правило за гламурозни настани, Шерон гордо позираше во овие рамни спортски бели патики со потписот на брендот Dolce & Gabbana.
Со тоа уште еднаш покажа дека не е роб на правилата и дека и е поважно да се чувствува добро во тоа што го носи.
Аутфитот го зачинила со бела кожна чанта со златен синџир.