Ева Лонгорија моментално престојува во „земјата на макијато“, како што ја нарекува својата сакана Италија, и ја продолжува турнејата по филмски фестивали. Овој пат 37-годишната актерка присуствува на „Таормина филм фест“ во Италија, а на црвениот тепих блеска во фустан од тул и свила.

Лонгорија носи црн фустан од модната куќа „Алберта Ферети“, со извезен корсет од тул и детали околу деколтето на грбот. Елегантниот горен дел со отворен грб има прерамки кои допираат зад вратот, со акцент на прерамките и со бисери околу грбот. Фустанот завршува со сатенско здолниште до глуждовите.

Заедно со црните сандали со тенки прерамки, ова е уште еден совршен избор на Ева, која на гламурозен начин го нагласува токму она што е најубаво кај неа.

Како последен момент, Лонгорија комплетниот стајлинг го заокружи со фризура: несовршено свитканата коса беше собрана во пунџа, а ненаметлив изглед ѝ даде шминката со сјајни усни во природни, „голи“ нијанси, како и „зачадени очи“. со црн креон.

Мислеше дека секое парче накит ќе биде излишно и беше апсолутно во право. Целото внимание беше на нејзиниот проѕирен чипкан горен дел од фустанот и на егзотичното со кое Ева зрачи во сите нејзини изданија.

Ѕвездата од популарната серија „Очајни домаќинки“, како најмало дете во семејството Лонгорија, не ни сонувала дека ќе стане едно од најубавите и најбараните лица во светот на глумата во прекрасниот Холивуд.