После 16 години од смртта на нејзиниот Ѓорѓи, Шенка Колозова пред објективот на Бекстејџ со солзи во очите за прв пат се отвори и ѝ кажа на пошироката јавност како навистина се чувствува.
“Многумина ќе ви кажат дека со времето се поминува, меѓутоа не со времето ти е се потешко и потешко.Не поминува тоа. Сите велат леле греота ти, не сум греота јас. Јас сум тука живеам, се радувам, плачам, чувам внуци. Греота е тој што повеќе го нема“ вели Шенка која по бројните претстави за возрасни и за деца кои ги играла низ цела Македонија, решила да се повлече од актерството:
“Пред две години реков: “Мене ми е доста, не можам веќе” и затоа прифатив да бидам зад сцената”, изјавила таа и додала дека го користи слободното време за одмор во старата куќа во едно охридско село.