Вработени во две соседни слаткарници во хрватскиот приморски град Новиград, се степале за гости откако претходно започнале жестока расправија.
Како што известуваат хрватски медиуми, во инцидентот учествувале еден 48 годишен маж од Новиград и шестмина македонски државјани кои работеле во соседната слаткарница.
,,Глас Истре“ пишува дека до тепачката дошло поради преземање на гости.
Порталот пишува дека првин дошло до расправија меѓу 48 годишен сопственик на слаткарница од Новиград и 22 годишен државјанин на Македонија кој работел во соседната слаткарница.
Откако расправијата се вжештила, на нашинецот му се приклучиле уште 5 лица на возраст од 19 до 38 години и сите тие физички го нападнале Хрватот со боксови, а 19 годишниот македонски државјанин го удрил со дрвена палка по главата.
Против него е покрената кривична пријава, а сите други добиле прекршочни пријави за нарушување на јавен ред и мир.
извор: Ако.мк