Тијана Дапчевиќ откри ексклузивна информација во интервју на српската телевизија „Пинк“ и рече дека нејзината сестра Тамара Тодевска ќе снима дует со прееставникот на Шведска на Евровизија Џон Лундвик, кој го освои шестото место.
“Тој и пришол и и рекол „Чекај бре, зарем е можно да не си црнкиња? Зарем е можно некој кој не црнкиња да пее така ? “ раскажа Тијана во емисијата „Премиера – викенд специјал“ .
Инаку, Тијана во имисијата изјавила дека е презадоволна од настапот и од пласманот на Тамара.
„Важно е што доби 12 поени од Велика Британија. Не знаеме дали гласовите на публиката се такви. Тоа никогаш нема да го знаеме. Тоа не е теорија, тоа е завера. Нема врска што таа е моја сестра, таа одговори на задачата.“, рече Тијана.