Во саботата на улиците на Филаделфија на протести излегоа илјадници демонстранти, а меѓу нив и млад пар кој се венчаше во центарот на протестите.
Кери Ен и Мајкл Гордон ја отворија својата мала свадбена церемонија на отворено, баш во моментот кога илјадници луѓе пристигнуваа на улицата Бенџамин Френклин за да протестираат против полициската бруталност која доведе до смрт на Џорџ Флојд.
Двојката знаеше дека ќе има протести, но одлучија да не ја одложуваат венчавката бидејќи претходно свадбената прослава веќе ја одложија за 2021 година поради коронавирусот.