Германската полиција утрово покрена акција во Берлин против меѓународна криминална банда која се специјализирала за шверц со луѓе, во која имало и Македонци.
Полицијата изврши претрес во вкупно 11 објекти и издаде налог за апсење на еден албански државјанин, соопшти портпарол на полицијата.
Во станот на осомничениот биле откриени четири лица, за кои постои сомнеж дека се жртви на шверц со луѓе. Исто така, пронајдени се и повеќе документи, меѓу кои и пасоши.
– Во потрага сме по докази, со цел да се уапси групата осомничени, се додава во полициското соопштение.
Според „Билд“ бандата се состои од членови по потекло од Северна Македонија, Грција, Косово, Албанија, но и од Германија. Тие претежно патувале со автобус и авиони како туристи во Германија, каде бандата им давала лажни грчки и италијански дозволи за работа.
Од квалитетот на фалсификуваните документи зависела и цената, а познато е дека морале да платат меѓу 5.000 и 9.000 евра по лице.
Воспоставуањето на контакт со бандата течело преку локална туристичка агенција, а бандата во Берлин привремено им ги ставала на располагање своите станови на клиентите.
Од Берлин многу прокриучарени луѓе се префрлани во Ирска и Велика Британија каде работеле најчесто како градежни работници.