Оскаровката Шарлиз Терон раскинала со познатиот Балканец Алекс Димитријевиќ, па се вклучила во апликација за запознавање, каде што бара нов партнер. Познати се и деталите за нејзината љубовна понуда, а карактеристиките на таа платформа за запознавање доволно зборуваат за тоа каков маж бара познатата актерка.
Шарлиз Терон започна врска со Алекс Димитријевиќ минатиот мај. По раскинувањето, таа ја употребува апликацијата за состаноци на познати „Raya“, а како што пишува „Дејли мејл“, на својот профил објавила бројни фотографии од себе, вклучувајќи и смешна слика на која носи мустаќи.
Актерката на апликацијата се претставува под иницијалиот „Ш“, но профилот го поврза со нејзиниот профил на Инстаграм каде има 7,7 милиони следбеници.
„Раја“ е приватна и ексклузивна мрежа за состаноци, основана во 2014 година од Даниел Генделман. Резервиранае само за членови, а членството е рестриктивно: на мрежата можат да се приклучат само познати личности, истакнати имиња од индустријата и најголемите ѕвезди на Интернет, преку долг процес на селекција или со покана.
Судејќи по ова, Шарлиз Терон (49) избира исклучиво познат, успешен маж. Можеби таа се води од фактот дека таквиот партнер ќе ја разбере подобро, земајќи ги предвид нејзината кариера и слава.
Терон имаше неколку познати партнери, од 2013 до 2015 година беше во врска со оскаровецот Шон Пен, се забавуваше со актерот Крег Бирк, со пејачот Стивен Џенкинс, со актерот Стјуарт Таунсенд и со моделот Габриел Обри.
Димитријевиќ по потекло е од Хрватска, успешно се занимава со манекенство, но и со маркетинг, а живее во Лос Анџелес, каде одвреме-навреме е во друштво на својата ќерка.