“МИ БЕШЕ СРАМ”: Славко Штимац за познатата сцена со Јагодинка (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Славко Штимац публиката, меѓу другото, добро го памети и по познатата сцена со Драгана Варагиќ, која ја играше Јагодинка Симоновиќ во филмот „Варљиво лето ’68“.

Публиката сè уште со ентузијазам го гледа овој филм, а Штимац сега си ја отвори душата и зборуваше за деталите кои до сега ги премолчувал.

„Филмот е всушност за студентските демонстрации од 68. Би ве прашал дали десет илјади пати ве прашале за: Меси, Меси, ништо нема да ти биде. Кога и да ме сретнат: „Еее, Јагодинка“. На некој начин ми е непријатно што тој филм е запаметен по таа сцена“, изјави Штимац за Мондо, додавајќи дека не сака да снима љубовни сцени.

„Не сакам да ги снимам и нема никаква врска со партнерките во филмот или серијата во која глумам. Едноставно, кога нема хемија, нема потреба од такви сцени“, вели тој.

„Конкретно, таа сцена со Јагодинка испадна како што очекував. Тоа очигледно сите најмногу ги интересира. Мене лично ми беше срам подоцна да се видам во таа сцена, но тоа е глума, се навикнуваш со текот на времето“, заклучил Штимац.

останати вести