Помина повеќе од една година од аферата на Пике што ја шокира јавноста. Имено, пејачката ја откри прељубата благодарение на тегличка џем. Откако го прекинаа долгогодишниот љубовен однос, Шакира му посвети одмаздничка песна на Пике, во која брутално го прозива.
Потоа, се појави контроверзно видео во кое се гледа како нејзината тогашна свекрва ѝ удира шлаканица. Шакира не била во добри односи со свекрвата, а доказ за тоа е и фактот што постојано се провоцираа меѓусебно откако се дозна за неверството.
Шакира го толерираше сето тоа поради синовите Саша и Милан, но кога Пике ја понижи јавно со Клара, таа одлучи да проговори за сето тоа.
Многумина застанаа на страната на Шакира, која процути по неверството и разводот. Имено, почна да снима големи хитови, како и повеќе да работи на себе. Додека беше во брак со Пике, не му посветуваше многу внимание на својот изглед, па неретко излегуваше во јавност во запустено издание.
Меѓутоа, сега се прероди, се дотерува повеќе од вообичаено и не пропушта ниту еден настан.