Жената која се прослави на социјалните мрежи откако почна пандемијата на коронавирусот во Македонија позната како Лиде Лиде конечно ѝ се исполни желбата. 38-годишната Лиде Лиде (Лидија Гиновска) успеа да го запознае министерот за здравство Венко Филипче.
Таа објави заедничка фотографија со Филипче на која пишува КОНЕЧНО ГО СРЕТНАВ!
Инаку, популарната Лиде Лиде, или Ретро Лиде на социјалната мрежа Фејсбук, од почетокот на пандемијата е редовна со коментари на прес конференциите на Венко Филипче и воопшто за се што се случува околу министерот. Таа не испушташе прилика да коментира, па дури и да го повикува Филипче на кафе, но и со желба за лична средба со него.
Во една гостување во емисија дури и министерот Филипче вети дека ќе се сретне со Лиде Лиде.