Тригодишно дете паднало од петтиот кат на една зграда во Њујорк а целиот настан го снимила надзорната камера. За среќа, момченцето го преживеало падот и поминало со скршена бутна коска.
Ен-би-си Њујорк објави дека малечкиот е од Бронкс и се вика Хозе. Имал Даунов синдром и бил дома со мајка му, сестрата и тетката кога паднало од прозорецотот.
– Тој само нè гледаше изненадено. Не плачеше, рекла тетката која прва истрчала од станот.
Полицискиот оддел во Њујорк соопштил дека инцидентот е класифициран како несреќен случај и нема да биде покренато обвинение. Хозе го скршил бутот и ќе мора да остане во болница еден месец.