Работниците на комуналните претпријатија во мексиканскиот град Сиудад Викторија имале полни раце работа, бидејќи имале задача да извлечат опасно животно од канализацијата.
Официјалните лица објавија дека поради чудовиштето, долго три метри и тешко 200 килограми, протокот на вода бил намален за 70%, пишува Daily Star.
Додека работниците ја чистеле градската пумпна станица, слушнале необична бучава, а по понатамошна истрага, во калта бил пронајден монструозен крокодил.
Припадниците на локалната Цивилна заштита пристигнале на лице место и помогнале во опасниот потфат, а објавените фотографии најдобро го илустрираат нивниот шок.
„Откако беше извлечен, крокодилот беше префрлен во неговото природно живеалиште“, соопштија локалните власти.