Чуварка во затвор која се вљубила во „опасен“ затвореник во најголемиот затвор во Велика Британија е осудена на една година затвор. Ејша Ган (27) е осудена откако биле најдени докази за забранетата врска со Курам Разак (29) кој издржувал казна од 12 години за грабеж во затворот Бервин.
Двајцата размениле бројни телефонски разговори и сексуално експлицитни фотографии и снимки, пренесува “The Sun“.
Пред судот било кажано дека во нејзината соба се најдени фотографии од парот кој се бакнува, а исто така таа на Разак му ги прошверцувала и своите гаќички.
Исто така, било утврдено дека таа го дала својот број од сметката на еден од соработниците на Разак и дека на неа добила уплата од 1.500 фунти.
Обвинителот Сајмон Милс рекол дека Ејша Ган работела во затворот откако бил отворен во февруари 2017-та година. Таа минала курсеви за превенција на корупција, како и тренинг во кој вработените во затворот учат да бидат свесни за ризикот затворениците да се обидат да ги заведат и искористат.