Чешкиот премиер Бабиш: КУПИВ ПРЕКРАСЕН ГЛОБУС, ГО СФАЌАМ ТРАМП

by Тони Зографски

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека ги разбира аргументите на претседателот на САД, Доналд Трамп, поврзани со Гренланд, нагласувајќи дека тој простор има значајна улога во глобалната безбедносна архитектура. Според неговите зборови, проценките покажуваат дека руските суперракети познати како „орешник“ би можеле од Русија, преку Гренланд, да стигнат до Белата куќа за само 26 минути.

„Купив еден голем и убав глобус за 15 илјади чешки круни, односно околу 620 евра, за точно да видам каде се наоѓа Гренланд. Според проценките, руските суперракети „орешник“ би стигнале од Русија до Белата куќа за 26 минути и би прелетале токму преку Гренланд“, изјави Бабиш, пренесува чешката телевизија Прима.

Чешка, глобусот и американскиот сојуз

На прашањето на новинарите дали Чешка ќе се придружи на заедничката изјава на европските земји во која се предупредува на воведување американски царини, Бабиш одговори:

– Не можам да го кажам тоа. Ние велиме дека во рамките на НАТО САД се лидер. Овие конфликти се контрапродуктивни и мора да постигнеме договор.

Тој додаде дека со купениот глобус му станало појасно „зошто островот е геостратешки пресечна точка“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com