Една нова студија проценува дека можеле да се избегнат 64 хоспитализации на пациенти со ковид 19 во САД, доколку тие лица не страдаат од четири состојби: дебелина, хипертензија, дијабетес и срцева слабост.
Истражувањето е објавено во Journal of American Heart Association (JAHA) а го спровеле научници од Универзитетот Тафтс. Тие користеле математичка симулација за да проценат хоспитализации поради ковид 19 што можеле да се спречаст, доколку пациентите не страдале од четирите наведени здравствени проблеми. Во други студии, секој од овие здравствени проблеми е тесно поврзан со зголемен ризик од лоши исходи на инфекција.
„Иако вакцините на крајот ќе ги намалат инфекциите, ни претстои долг пат. Нашите откритија повикуваат на понатамошни чекори за да се утврди дали подобрувањето на кардиометаболичкото здравје ќе го намали бројот на хоспитализации и смртни случаи од ковид 19“, рекол Дариус Мозафаријан, главен автор на студијата и декан на Универзитетот Тафтс.
„Знаеме дека само промените во квалитетот на исхраната, дури и без слабеење, брзо го подобруваат метаболичкото здравје за само шест до осум недели. Клучно е да се тестираат ваквите промени во животниот стил за да се намалат тешките инфекции на ковид 19, како за оваа пандемија и за идните пандемии“.
Истражувачите анализирале вкупно 906.849 хоспитализации што се случиле во САД. Откриле дека 30 проценти (274.322) може да се припишат на дебелина; 26 проценти (237.738) може да се припишат на хипертензија; 21 процент (185.678) може да се припише на дијабетес и 12 проценти (106.139) може да се припише на срцеви проблеми.
Четирите анализирани состојби биле избрани врз основа на други објавени студии од целиот свет, кои покажуваат дека секој од нив е предиктор за тешки исходи на инфекција.
„Здравствените работници треба да ги едуцираат пациентите изложени на ризик од сериозни облици на ковид, да размислат за мерки за превенција на животниот стил, како што се подобрена исхрана и физичка активност, за да се подобри целокупното кардиометаболичко здравје“, изјавил коавторката на студијата, д-р Меган О’херн.