Четворица вработени во антикорупциската комисија се позитивни на корона вирус дознава Телма. Според информациите се работи за луѓе од Секретаријатот на комисијата, а кај една од нив првиот позитивен тест бил пристигнат пред три денови.
По ова се тестирале и дел од колегите па се добиени останатите три позитивни тестови. Ваквите информации ги потврдува и претседателката на комисијата Билјана Ивановска.
Вели дека ги почитувале сите протокли, во моментов се работи епидемиолошка анализа на контактите.
Бара сите вработени да бидат тестирани бидејќи од следната недела започнува предизборната кампања а улогата на комисијата е битна во набљудување на изборите.
Двајца епидемиолози веќе биле во антикорупциската. Тие ги прават проценките, но според министерот Венко Филипче веднаш ќе бидат тестирани по индикации односно оние вработени кои имале комуникација со заразените и се под ризик, за останатите вели нема потреба од тестирање.
Извор: Телма