“ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЗАРАЗЕНИ НЕ МОРА ДА ЗНАЧИ НИШТО ЛОШО“: Германски епидемиолог апелира на промена на стратегијата

by Тони Зографски

Инфекцијата од коронавирус без симптоми не мора нужно да биде лоша, а мерките за заштита не би смееле да зависат од бројот на заразени, изјави германскиот виролог Хендрик Штрек.

Инфектологот од Бон  апелира за промена на стратегијата:

– При проценката на ситуацијата не смееме да се потпираме само на пројот на заразени, изјави Штрек за “Велт ам зонтаг“. Иако бројот на позитивни случаи на коронавирус во Германија и Европа значително расте, „во исто време речиси воопшто немаме пораст на бројот на смртни случаи“, објаснува експертот, кој смета дека во вакви околности повторно треба да се разгледа обемот и траењето на официјалните мерки за сузбивање на пандемијата.

Според неговото мислење, и натаму треба да се спречува ширењето на инфекциите, но постои можност поинаку да се интерпретираат апсолутните податоци. Тој смета дека инфекциите без симптоми не мора нужно да се лоши:

– Што повеќе луѓе ќе се заразат, а притоа немаат симптоми – барем во текот на краток период – ќе бидат имуни. Тие повеќе на можат да придонесат за ширење на епидемијата, објасни Штрек.

Директорот на Институтот за вирологија и истражувања на ХИВ на Универзитетот во Бон укажа на фактот дека никој не го знае единствениот вистински пат во борбата против епидемијата, но не можеме да го паузираме целиот живот.

– Можеме само да пробуваме, а грешките се нешто што мора да ни биде дозволено, – смета Штрек.

останати вести