Да пешачиш 10 километри низ скоро метар висок снег за да стигнеш до местото на вакцинација не е ништо, во споредба со она низ што поминала 90-годишната Фран Голдман за да биде вакцинирана.
-Се јавував за да закажам вакцинација насекаде, секое утро, секое попладне, а често бев онлајн и ноќе, рече Голдман.
Секое утро се јавуваше во Министерството за здравство во Вашингтон за да ги замоли да и помогнат да најде решение.
-Надеж. Ништо друго, рече Голдман.
Минатиот петок Голдман се поврза со Детската болница во Сиетл, која обезбедуваше вакцини. Таа ги помина сите прашања очекувајќи ќорсокак. Но, конечно го слушна долго очекуваното прашање:
“ Кога сакате да дојдете да се вакцинирате?“
-Не им верував на моите очи, рече Голдман. Морав да ги тргнам очилата за да видам дали навистина можам да видам.
Таа закажала вакцинирање за во недела наутро во 9:10 часот, не знаејќи дека започнува снежно невреме.
Во саботата, Голдман се разбудила со само неколку сантиметри снег и знаела дека ќе мора да планира однапред. Така, таа се облекла слоевите и со помош на два стапа тргнала да се вакцинира.
Голдман, која доби нов колк минатата година, внимателно се спуштила по стрмната патека пред нејзината станбена зграда и излегла на улицата. Го изодила околу две третини од патот до болницата, но се вратила, убедена дека ќе успее следниот ден.
И, во неделата наутро во 8 часот, таа се облекла во кожни панталони и кошула со кратки ракави, за да може полесно медицинската сестра да и ја стави вакцината. Над тоа, крзнен елек, па долно палто, па кабаница. Ги облекла чизмите за снег, ги зграпчила нејзините две стапа и се упатила да местото за вакцинација.
-Не беше лесно да се оди, беше предизвик, рече таа, додавајќи дека патеките замрзнале и биле покриени со многу снег.
Но, Голдман пристигнала на состанокот со само 5 минути доцнење, што беше добро. Да дојдеше порано, ќе мораше да чека во својот автомобил – што го немаше таму.