ВАШ ПСИХОЛОГ: Како полесно да донесеме одлука?

by Тони Зографски

М-р Калиа Поповска

советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето

Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/

Instagram: kalia.therapylondon

 

Животот е серија од донесување одлуки и тоа е една од најсложените работи со кои се соочуваме цел наш живот. Од кога ќе се разбудиме, процесот на донесување на одуки започнува. Првата одлука е дали да станаме и бидеме активни или да го исклучиме алармот?

Покрај малите секојдневни одлуки треба да донесеме и големи одлуки и одлуки кои го менуваат животот, одлуки што ќе ја обликува нашата иднина.

Кога донесуваме важни одлуки размислуваме за повеќе прашања:

– Дали е тоа што навистина го сакам?

– Дали тоа е моја цел или цел на другиот?

– Дали е ова најдобрата одлука за мене сега, а како за во иднина?

– Што ако изберам погрешно? Дали има погрешна одлука?

– Дали подоцна ќе можам да ја одберам другата опција?

За да бидете подобри во донесување на одлуки:

забележете ги ризиците што ги преземате – забележување на идните околности во кои се ставате со превземање ризик може да помогне за носење подобра одлука сега. Ризик е неопходен, но не секој ризик вреди да се превземе.

имајте јасни цели – без разлика дали се краткорочни или долгорочни, целите треба да се прецизни и остварливи.

барајте други мислења – сите ние имаме различни начини на гледање на ситуациите и анализирање на можните исходи. Второ или трето мислење од доверливи пријатели може да помогне да ја видите ситуацијата од друга перспектива.

оставете моменти на спокојство – гужвата и брзата средина не се иделни за носење одлуки. Одвојте време за себе.

избегнувајте да носите одлуки кога сте во стрес, уморни, и гневни – овие состојби ја поматуваат способноста за одлучување, нé прават ранливи.

испитајте ги сите опции – некогаш одлучуваме пристрасно, без да ги земеме во обзир сите можни опции. Бидете со отворен ум, согледувањето на сите опции дава доверба во вашиот избор.

измерете ги потенцијалните влијанија/последици – сите одлуки имаат краткорочни и долгорочни влијанија. Честопати сме кусогледи и донесуваме одлуки врз основа на моментално задоволство, игнорирајќи ги долгорочните последици од изборот, за нас и кон другите.

Некои избори може да изгледаат погрешни на краток рок но долгорочно изборот може да е корисен.

Кога сме деца други ги носат важните одлуки за нас. И ако работите не одат како што треба тие ја превземаат одговорноста. Но како старееме, наша е одговорноста за важните одлуки и последиците од нив. Верувајте дека вие самите имате способност да ги носите најдобрите одлуки за себе. Во ред е да згрешиме, но прифаќањето на грешката и изборот во иднина е тоа кое нé прави подобри.

 

останати вести