Цените на горивата во Грција нема да им се допаднат на граѓаните, ниту туристите, бидејќи оваа земја последните денови бележи ценовни рекорди на бензинот и дизелот во регионот.
Според најновите податоци, цената на дизелот е 1,92 евра (околу 118 денари), а на бензинот 2,34 евра (околу 144 денари). Само една недела претходно дизелот беше 1,84 евра, а бензинот 2,08 евра.
За споредба, литар гориво во Грција чини и до 30 денари повеќе отколку во Македонија.
Земја / Цена на еуродизел / Цена на бензин
-Грција 118/144
-Македонија 102/110 (за литар)