Полициски час во Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона…

by Тони Зографски

Во четири региони во северниот дел на Грција, односно во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, како и во областите Иматија, Пела и Кавала од денеска е воведен полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро. Истовремено ќе има и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден.

Поради лошата епидемиолошка состојба, конкретните региони се префрлени во црвената зона, а истите мерки се продолжуваат во уште две области, Арголида на Пелопонез и Евританија во централна Грција.

Регионите Илија, Ахаија и Месинија на Пелопонез, островот Икарија и градот Ираклио на Крит, од црвената преминуваат во портокаловата зона и се укинуваат рестрикциите што важеа до вчера.

Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро.

останати вести