Еден од најголемите експерти за вируси д-р Серџо Брусин изјави дека Европа треба да се подготви за повеќе жаришта на вирусот корона, но дека ќе го избегне „ужасот“ на вториот бран. Според него, „ужасните сцени“ и смртните случаи што ги видовме во првиот бран можеби нема да се случат повторно.
-Зголемувањето на случаите ќе трае неколку месеци, но веројатно нема никогаш да го достигне истото ниво како во големиот прв бран. Иако гледаме дека бројот на хоспитализирани случаи се зголемува во некои земји, тој не е ни приближен до оној во март и април – рече Брусин за британскиот „The Telegraph“.
Тој додаде дека одделенијата за интензивна нега не се пренатрупани и здравствените системи сега имаат повеќе време да планираат и да одговорат.
-Јас сум оптимист дека нема да ги видиме ужасните сцени што ги видовме во март и април, но ќе видиме уште многу случаи – посочи тој.
-Овој пат, имаме социјална дистанца и можност државите да реагираат на локалните епидемии, поради што, како што рече, тој не смета дека повторно ќе има „голем заклучок на државите“.
Инаку, потврдените случаи на коронавирус се зголемуваат во 18 земји, вклучително многу и во Европа. Во моментов Шпанија е најтешко погодена и е пред Велика Британија во однос на дневниот број нови случаи на милион жители.