ДРАМА СО СРЕЌЕН КРАЈ: Жена од Тунис се породи на белградскиот аеродром

by Тони Зографски

Државјанка на Тунис утринава се породила на белградскиот аеродром “Никола Тесла“, пишуваат српските медиуми.

-Се роди здраво машко дете кое ќе се вика Адам. Мајката и детето се добри – изјавил докторката на Итната помош, Даниела Јевтиќ.

Инаку, породувањето кое траело 10 минути започнало на улица, а за само 10 минути по првиот труд, завршило во зградата на аеродромот во Белград.

-Тимот од аеродромот, докторот и техничарот направија сè, така што ние само го зедовме бебето и ги однесовме во болница. Им посакуваме се најдобро“, рече таа.

 

останати вести