Шест лица позитивни на ковид-19 обиделе да заминат од Македонија преку аеродромот во Скопје.
Царинската управа соопшти дека спречиле обид на шестмина патнии кои во текот на минатата недела и покрај тоа што имале решенија за изолација сакале да патуваат.
Патниците се евидентирани во системот РАВИО на Царинската управа кој се користи за автоматско следење и стопирање на лица кои се обидуваат да излезат преку аеродромите од државата и истите имаат активно решение за изолација издадено од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – ДСЗИ, велат од царина.
Системот за контрола на патници-РАВИО е директно поврзан со Регистарот на EXIM на лица позитивни на ковид-19 за кој се одговорни службите од ДСЗИ при што по добиената нотификација овие лица се спречени да ја напуштат земјата и се ставени во изолација според здравствените протоколи.