На премиерата на претставата во Вараждин, актерот и комичар Александар Лазиќ ја изненади својата партнерка Наташа Поповиќ, која му беше колешка во претставата.
Актерот клекнал на едно колено пред полн театар и ја запросил.
Публиката беше воодушевена, а на Наташа ѝ требале неколку моменти да се свести и да ја прифати ненадејната понуда.
– Ова е најубавиот момент. Актерот ја запроси актерката на сцената. Честитки, Алекс и Бара, за големата љубов, за одличното шоу и на сите во публиката за прекрасните реакции – пишува на Фејсбук страницата на Театар Керекеш, која го сподели видеото.
– Знаев дека е луд, но ова не го очекував! Ова е она за што сонува секоја девојка, а јас во моментов го живеам мојот сон. И, реков да – изјавила самата актерка.