Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер (37), поранешен член на инструменталното дуо „Ту челос“, одлучи зимските денови да ги помине во топлиот Дубаи, заедно со новата избраничка – украинската инфлуенсерка Марија.
„Хабиби се опушта“, напиша тој на својот инстаграм-профил, објавувајќи своја фотографија на која позира покрај базан.
Марија, пак, објави заедничка фотографија со нејзиниот сакан. На фотографијата, таа носи долго црно здолниште и сина маица, а Хаусер е во црни панталони и кошула.
„Мојот еден и единствен“, напиша таа во описот на фотографијата.
Виолончелистот често објавува видеа од своите соработки со атрактивни музичарки, но Марија ја претстави како своја партнерка минатото лето, кога беа заедно во неговата родна Пула.