Бразилската манекенка Лизиане Гутиерез можела да се соочи со повеќегодишна робија откако се сликала на неколку место во најизолираната држава на светот, Северна Кореја. Прво, направила фотографија пред „Големиот споменик на брдото Мансу“. Станува збор за комплекс на споменици во Пјонгјанг каде што доминираат големите статуи на Ким Јонг Ил и Ким Ил Сунг, таткото и дедото на актуелниот лидер. Според тамошните закони, забрането е да се направи селфи или фотографија доколку на неа не се гледаат двајцата поранешни лидери.
Потоа манекенката направила неколку фотки во хотелската соба во Пјонгјанг на кои позира гола. Сепак, најголемиот скандал го направила откако направила селфи носејќи капа на севернокорејски војник. Тоа се случило во воз додека таа пиела текила и виски.
„Отидов во тоалет и видов дека вратата е заклучена, а капата беше оставена тука. Ја зедов, отидов во нашето купе и им ја покажав на сите. Тие мислеа дека сум луда, ми рекоа дека не смеам да го правам тоа. Но, јас само направив неколку фотографии и ја вратив назад. Војникот не го забележа тоа“ – изјавила Лизиане која можела да биде казнета и поради непријавениот мобилен телефон.
https://www.instagram.com/p/B2ko7PrHeto/?utm_source=ig_web_button_share_sheet