ФАТЕН НА ДЕЛО: Режисерот го “сокри“ Оскарот под столица (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Откако го освои „Оскарот“ за најдобро адаптирано сценарио Tаика Ваитити, режисерот на филмот „Jojo Rabbit“, стана вирален хит. Поточно, актерката Бри Ларсон го снимала Ваитити како ја турка златна статуа под седиштето пред него за да не мора да ја држи.

Таа го објави видеото на Инстаграм, кое стана апсолутен хит, а Ваитити ги собра симпатиите на многумина.

„Ова е еден од моите омилени моменти на Оскарот“, „Те сакаме, Таика“, „Каква си ти легенда“, се само неколку од коментарите на Твитер.

Инаку, ова не е првпат Ваитити да воодушеви со неговото однесување на доделувањето на „Оскарот“. Кога беше номиниран за „Two Cars, One Night“ во 2004 година, тој се преправаше дека спие додека ги читаа номинираните.

останати вести