Многу астролози сметаат дека пресметувањето на подзнакот може да ни помогне за целосно да ја спознаеме природата на личноста, амбициите, интересите, карактерот, темпераментот и личните желби.
Некои луѓе се заинтересирани за хороскопот од забава, а некои го доживуваат како вистинска ”магија” – лесен начин да дознаете нешто повеќе за одредена личност.
Сепак, хороскопскиот знак не е доволен за да се направи астролошкиот профил на личноста.
Подзнакот ја одредува положбата на 12-те куќи на хороскопот. Пресметувањето на подзнакот го претставува најкомплицираниот дел од изработување на наталната карта. Во моментот кога сте родени важен е оној знак кој се издигнал на источниот хоризонт. Тоа е вашиот подзнак.
Доколку не знаете кој е вашиот подзнак, сè што ви е потребно е да го знаете времето на вашето раѓање и табелата прикажана во прилог.
*Важно: Оваа табела е наменета за луѓето кои се родени во земји со средно европско време.
Упатство: Ако сте родени наутро во 7:40 часот, на 14-ти март, во табелата пронајдете го месецот МАРТ и погледнете ја колоната надолу 11.-20. (од 11-ти март до 20-ти март), а потоа пронајдете го временскиот интервал (според овој пример тоа е 7:15 до 7:50) и погледнете го хороскопскиот знак во истиот ред (во овој случај ОВЕН).
Поради недостатокот на релевантни податоци како што се географската ширина и должина на местото на раѓање, оваа табела не нуди 100% точност, но прецизноста е релативно задоволителна.