Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Откако ќе сфатите дека премногу сте се залагале за блиските лица, а никој не ви возвратил соодветно, ќе се повлечете во себе и во иднина посебично ќе постапувате.
РАБОТА: На работното место ќе настанат компликации, но брзо и лесно ќе успеете да ги решите. Работите како за двајца, но без грижи, тоа ќе биде забележано, а вие ќе бидете наградени.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Мали ситни кавги кои ќе прејдат во повеќечасовно дебатирање. А зошто ви е потребно тоа? Кажете што мислите и пресечете. Не објаснувајте со саати што сакате, едноставно кажете се во една реченица и држете се до вашите зборови.
РАБОТА: Можеби ви се зголемени работните обврски, а платата ви тапка во место, но без грижа следи период во кој тоа ќе се промени. Вашите приходи ќе пораснат, а насмевката нема да се тргне од вашето лице.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Малку сте нефер со партнерот, а откако тој ќе ви го каже тоа, се правите дека не го слушате. Од оваа ситуација можете само да загубите. Посветете малку повеќе време за да се поправите.
РАБОТА: На работното место во блиска иднина ви стои напредок. Тоа ќе биде одлична вест за вас. Ќе бидете среќни и задоволни, па ќе работите повеќе и ќе давате се од себе.
ЗДРАВЈЕ: Добро, внимавајте на исхраната.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Нема да имате слободно време за досадување, партнерот и пријателите постојано ќе бидат покрај вас. Во оваа недела ви претстојат повеќе промени во социјалниот живот.
РАБОТА: Одлична недела за напредок и докажување на вредностите, ќе дадете се од себе и ќе успеете да ја уверите околината дека вредите многу повеќе.
ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе течности.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Поволна недела во која можете да направите некој посмел чекор. Нека не ве плашат грешките од минатото, променете го вашиот негативен став и ослободете се.
РАБОТА: Најверојатно дека оваа недела само ќе се досадувате, нема простор за напредок. Обидете се да си ја направите работата поинтересна, променете го пристапот кон обврските.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со притисокот.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Нема да знаете како да постапувате, ќе има позитивни настани, но повеќето ќе бидат негативни. Најдобро е да не повлекувате нагли потези. Паузирајте со емоциите со цел да не предизвикате уште поголем проблем.
РАБОТА: Оваа недела посветете му се на деловниот живот, најдете задачи кои сте ги запоставиле и завршете ги. Усовршете го начинот на делување и напредувајте.
ЗДРАВЈЕ: Можни се скршеници, внимавајте при физичките активности.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Ќе се одлучите на некои посмели чекори за кои всушност воопшто не сте размислувале. Големите емоции ќе ве поттикнат да направите повеќе од тоа што вие всушност би направиле.
РАБОТА: Одличен период во кој само ќе ја зацврстите работната позиција. Ќе бидет пример за брзо и точно работење. Помогнете им на понеискусните колеги.
ЗДРАВЈЕ: Добро, намалете ги нервозите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Некоја нова прилика ќе се појави на вашата врата. Вие нема да знаете што да направите, но откако ќе размислите ќе видите дека тоа всушност е долична можност. Бидете искрени со блиските лица.
РАБОТА: Вашата кариера подолго време стагнира, а вие не преземате посериозни чекори за да напредувате. Поради сето тоа ќе се појават финансиски проблеми кои ќе ви го отежнат живеењето.
ЗДРАВЈЕ: Mожни е проблеми со белите дробови.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Поволен период за започнување на нешто ново. Новата врска или новото пријателство ќе донесат среќа во вашиoт живот. Бидете искрени уште на самиот почеток. Претставете се во вистинското светло.
РАБОТА: Период во кој ќе помислите дека сите задачи на работното место ги обавувате исклучиво вие. Но не е така, едноставно ви недостасува мотивација. Пронајдете поттик во малите нешта.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Проблематичен период за оние кои не се во врска, односно во нивниот живот оваа недела ќе се појават личности кои всушност не ветуваат ништо и не претставуваат сериозна прилика.
РАБОТА: Работните обврски ќе бидат намалени, а вие ќе наоѓате интересни начини како да го поминете времето на работа. Ќе бидете креативни, па смислените идеи ќе сакаат да ги применат сите.
ЗДРАВЈЕ: Топлото време нема да ви годи, заштитете се соодветно.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Бурен период во кој оние кои се во врска постои можност да и стават крај на врската, а оние кои се сами ќе навлезат во врска со проблематичен партнер од кој ќе бидат разочарани. Побарајте утеха во семејството.
РАБОТА: Нема да можете да се сконцентрирате на важните нешта. Ќе се појават неколку проблеми еден по друг, а вие ќе се загубите. За среќа некој колега ќе ви помoгне да се отплеткате, почастете го кафе за услугата.
ЗДРАВЈЕ: Можни сe проблеми со бубрезите.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Одличен период во кој оние кои се во кратка врска ќе го зацврстат односот, а оние во долга врска ќе направат смел чекор понатаму. Солзите во очите ќе бидат резултат на голема среќа.
РАБОТА: Период во кој нема да доживеете некои поголеми промени. Едноставно, работите ќе си течат, а вие ќе давате се од себе. Ќе го зацврстите односот со долгогодишните колеги.
ЗДРАВЈЕ: Добро, внесувајте повеќе течности.