Пред да одиме кај автомеханичар, многумина од нас прво се обидуваат сами да го решат проблемот со автомобилот, мислејќи дека можеме малку да заштедиме.
Алон го стартувала автомобилот, а потоа излегла од него и ја отворила хаубата.
Немала поим дека една мала грешка засекогаш ќе ѝ го промени животот.
Се започнало кога Алон забележала дека нешто не е во ред со нејзиниот автомобил.
Немала дополнителни пари да ги подари за професионален преглед, па решила да погледне и сама да ја најде грешката.
Таа само помислила да погледне во автомобилот и да види дали лесно може да го забележи проблемот. Наместо тоа, нејзиниот живот бил во опасност.
Во секунда главата и полетала кон моторот и почувствувала страшна болка. Немала поим што се случило, но никогаш во животот не почувствувала толку силна болка.
За среќа, нејзините деца слушнале врисоци и истрчале надвор. Без нивната брза реакција, можно е Алон да умрела од тежината на повредите.
Алон итно била пренесена во болница каде лекарите и рекле дека направила речиси фатална грешка.
Тоа било нешто на што не помислила ниту една секунда кога погледна во моторот на автомобилот.
Ккао се нафрлила над моторот што работи, косата и се заплетка во машината и моторот и скинал половина од скалпот.
Сега Алон мора да помине низ многу операции и трансплантации за да се врати во нормала.
Алон сега ја шири својата приказна со надеж дека другите би можеле да обрнат внимание на еден мал детаљ што таа го занемарила.
Ова е лекција што секој треба добро да ја памети.