Застрашувачка сцена е снимена во дел од Русија, кога куче скитник нападна 15-годишно девојче.
Се движела по тротоарот кога животното ѝ се нафрлило. Ја соборило на земја и почнало да ја гризе. Кој знае што ќе се случело ако возач не ја видел страшната сцена.
Еден човек го запрел својот автомобил на сред улица за да му помогне на несреќно дете. Неколку пати го удрил кучето, кое брзо побегнало.Нападот се случил на улица во Бијск, јужна Русија.
Набрзо околу нив се собрале и други минувачи. Девојчето се здобило со повреди и било пренесено во болница.