Во стан во населбата Глогоњски рид во Белград српската полиција пронашла тело на мртов маж.
Се претпоставуваше дека станува збор за човек кој починал сам, заборавен од сите, сè додека во не го пронашле и неговиот психички болен син, кој откако таткото починал, јадел делови од него, зошто немал што друго да јаде, пишува „Информер“.
Според непотврдени информации на порталот, мажот бил починат најмалку седум дена, но не се знае точно колку. Соседите повикале полиција кога од станот со денови се ширела неподнослива смрдеа.
Кога полицијата влегла во станот во една просторија, распарчено тело лежело на креветот. Како што велат, синот се скрил, и кога го нашле, се чинел дека е целосно запоставен.
Полицијата наскоро утврдила дека момчето не може дури да оди само до продавницата и дека, кога починал неговиот татко, тој останал без храна, но не излегол од станот. Итно е пренесен на Клиниката за инфективни болести, каде ќе бидат направени сите потребни тестови, додека телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција.