Холивудскиот актер Вилијам Болдвин најави дека ќе снима филм во Македонија. Во изјава за медиумите Болдвин вели дека во неговата агенда има филм кој треба да се снима и на нашата територија.
„Работам на телевизиската серија во Србија ‘Јужен ветер’, а потоа повторно ќе се вратам овде во Косово за да работам на некои други проекти со Арбен, а имам и филм што треба да го снимам во Северна Македонија“, рече американскиот актер за српски Новости.
Во моментов Болдвин работи на снимањето на филмот „Јас и Милошевиќ“, проект кој собра актерска екипа од познати холивудски, европски и косовски актери. Меѓу нив, покрај Вилијам Болдвин, кој минатиот месец беше во Белград со Ерик Робертс и Жерар Депардје, се и Тони Робинсон и Марија Грација Кусинота.
Како режисер и сценарист на филмот се потпишува Арбен Кастрати. Инаку, филмот на приштинскиот режисер, како што се наведува, ги претставува настаните од 2003 година кои се совпаѓаат со повоениот период на Косово, а наративот на главниот лик и неговото искуство од настанот се провлекува во филмот, пренесувајќи трагедија, комични сцени и реалноста на населението кое живее во првите денови на слободата, а се очекува во кината во 2023 година.
Извор: репортер.мк
Фото: kurir.rs