Музичарката Тејлор Момсен, позната и по улогата на Џени Хемфри во „Gossip Girl“, го привлече вниманието со провокативна комбинација на Модната недела во Њујорк.
Момсен пристигна на настанот во облека во воен стил. Таа носеше широки панталони со необичен дезен, кои ги спои со јакна од истиот дезен. Под јакната музичарката на градите не носи ништо друго освен налепници. Тејлор ги истакна своите извајани стомачни мускули и не се плашеше дека „покажа премногу“.
Својот аутфит го спои со црни чизми и едноставен накит.
Тејлор објави фотографии од настанот на Инстаграм, а илјадници воодушевени обожаватели ја пофалија нејзината комбинација, која ретко кој би се осмелил да ја облече. „Тејлор, ја размрда оваа облека. Прекрасна си“, „Најубава жена досега“, „Ах, какви стомачни мускули“, „Испрати ми го твојот план за вежбање“, ѝ напишаа обожавателите.
Покрај „Gossip Girl“, Тејлор глумеше и во култниот филм „How the Grinch Stole Christmas“, кога имаше само шест години. Од 2007 до 2012 година беше дел од актерската екипа на популарната серија, а потоа реши да се фокусира на музиката. Во 2009 година, Тејлор стана фронтмен на бендот The Pretty Reckless, во кој што е и денес.