Поранешните сопружници, холивудските глумци Бен Афлек и Џенифер Гарнер се караа на улица, пред нејзината куќа само еден ден по “ Денотот на благодарноста“ кој го поминаа заедно со трите деца.
Глумицата прво е сликана како носи работи и трча на кај автомбилот, потоа ги спушти на задното седиште, па почнува да се кара со Бен. Двајцата имале нервозни гестакулации и сериозен израз на лицата, па изгледало дека се караат околу некоја важна работа.
Инаку, парот беше во брак 10 години, а се разведе во јуни 2015 година Тие заеднички се грижат за своите деца, а лани Џенифер го поддржа Афлек додека се лекуваше од алкохолизам во едан болница во Малибу.