Познатата холивудска глумица Аманда Сејфред ги изненади своите следбеници на Instagram со една од ретките приватни фотографии која поради необичниот детал веднаш го привлече нејзиното внимание, но и вниманието на нејзините следбеници.
Имено, Аманда позирала со нејзиниот четиримесечен син Томас во рацете и кучето, додека во позадина има видлив одраз на непознат маж чиј израз на лицето е во најмала рака чуден.
Сцената ја запрепасти самата актерка, која го обележа лицето на непознатиот маж во црвено и објави сè на нејзината Insta Story.
Инаку, Аманда ја следат повеќе од 4,8 милиони следбеници на Instagram, а повеќето од нив се запрепастени од фотографијата.