НЕМА КАЈ ДА БЕГА: Романски фудбалер апла фатен во швалерација (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Романија, Чипријан Марика, се најде во центарот на голем скандал, откако бил фатен буквално на дело со неговата швалерка.

За сѐ да ѝ биде презентирано на јавноста се погрижи сопругот на неговата љубовница, кој го снимил со својот телефон Снимката е направена минатиот август, но сега се појави во медиумите.

Марика бил во еден хотел во Клуж, кога на вратата тропнал мажот на неговата љубовница, и тоа со вклучена камера на неговиот мобилен телефон. Фудбалерот полугол, само со крпа на себе, излегол пред вратата и останал збунет од целата ситуација. Мажот кој го снимаше видеото чекаше пред него за се појави и неговата сопруга. Кога таа излезе, збунета заборави да ја закочи вратата од собата, па таа автоматски се затвори и сите останаа во ходникот на хотелот. Додека двајцата сопружници го „решаваа“ проблемот, Марика полека избега од ходникот.

Инаку, некогашниот репрезентативец на Романија е женет и има две деца.

останати вести