Инструкторка по аргентинско танго Зејнеп Актар деновиве ја посетила Босна и Херцеговина, а нејзиниот танц во Мостар ги воодушевил сите.
Имено, по учеството на „Сараево танго фестивал“, Зејнеп и нејзиниот партнер го посетиле Стариот град во Мостар.
Иако времето не ги послужило, парот не се откажал, па на дождот играле танго на мостарската калдрма додека во позадината бил Стариот мост.
„Прекрасно“, „Вие сте прекрасен пар“, „Мостар е прекрасен“, „Ви завидувам“, „Одлична снимка“, се само дел од коментарите под видеото.
Многумина го споделија видеото на своите профили, а особена популарност доби бидејќи е создадено за време на Денот на вљубените.