Против холивудската ѕвезда Харисон Форд (77) се води истрага поради минатонеделниот инцидент во воздушниот простор во близина на аеродромот Хоторн во близина на Лос Анџелес.
Федералната воздухопловна администрација соопшти дека Харисон Форд кој пилотирал со мал авион по грешка му го пресокол правецот на слетување на друг авион.
Одалеченоста меѓу двата авиони била околу 1.1000 метри и немал опасност од евентуален судир.
Глумецот преку својот адвокат се извинил за грешката и објаснил дека погрешно ги разбрал инструкциите на контролата на летање.
Инаку, ова не е прв инцидент на Харисон Форд како пилот на приватен авион.